| четврток, 6 декември 2018 |

„Адвент Интернешанл“ и ЕБРД ја презедоа „Хипо Алпе Адрија“

хипо банкаАмериканската компанија „Адвент Интернешанл“ и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) потпишаа договор за преземање на филијалите на австриската банка „Хипо Алпе Адрија“ на Балканот, јави Хина.

Како што соопшти денеска „Хипо“ банката, станува збор за преземање на нејзините филијали во Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, за прелиминарна сума од  200 милиони евра.

Трансакцијата и самиот процес на приватизација на банката, што треба да бидат одобрени од Европската комисија, се очекува да завршат до средината на 2015 година, се додава во соопштението.

Филијалите на „Хипо Алпе Адрија“ во балканските земји имаат 245 експозитури, 1,15 милиони клиенти и актива од 8,4 милијарди евра.

– Новата сопственичка структура нуди големи шанси за развој на филијалите на „Хипо“ во регионот, се истанува во соопштението на банката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top