Политички и бизнис лидери од повеќе држави денеска во Лондон ќе учествуваат на инвестциски самит во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Како што јави Танјуг, главни тема на средбата ќе бидат можностите за проширување на транспортната мрежа и регионалноот поврзување во југоисточна Европа, модернизацијата на изворите на обновлива енергија, условите за инвестиции и водење бизнис во регхионот, како и поддршката на директните странски инвестиции и прекуграничните проекти.
На маргините на форумот се очкува одржување на повеќе билатерални средби на учесниците.
Ова е втора ваква средба организирана од ЕБРД по онаа што се одржа во февруари 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.