| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на средба со претседателот на ЕБРД

cakrabarti

Премиерот Никола Груевски, во рамки на економската посета на Велика Британија, денеска во Лондон ќе има средба со претседателот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабарти.

Според програмата, попладне e предвидена и посета на Лондонската кралска болница со цел разгледување на опциите и можностите за воспоставување соработка со македонските јавни здравствени установи.

Главниот настан, форумот за презентација на македонската бизнис клима ќе се одржи утре кога премиерот Груевски, заедно со вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, министерот без ресор Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, ќе ги презентираат можностите за инвестирање во Република Македонија.

Форумот се организира во соработка со реномираната групација Фајненшл Тајмс.

– Ова ни е прво роуд шоу што го правиме заедно со „Фајненшл тајмс“. Досега организиравме со сопствени капацитети, но овојпат го вклучуваме „Фајненшл тајмс“ со кој направивме многу добар аранжман и се надеваме дека ќе имаме добри гости кои ќе дојдат да ја слушнат приказната за Македонија насочена кон привлекуваме странски инвестиции и отворање нови работни места – изјави синоќа премиерот Груевски веднаш по пристигнувањето во Лондон.

Тој синоќа имаше средба со претставници на нашата дијаспора, Македонци кои живеат во Лондон, за кои рече дека се успешни во различни области, некои во бизнис, некои во медицина и во други сфери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top