
Крсте Јовановски оваа година слави 30 години од својата актерска дејност со претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир во режија на Дејан Пројковски која ќе се одигра вечерва, на 23 декември 2014 година.
Од својот почеток Јовановски како дел од ансамблот на Народен театар „Антон Панов“ од Струмица во кој постои, битисува и твори од 1984 година и е една од најбитните алки на ансамблот и дал свој допринос во развивање на репертоарската политика. Во тој театар има остварено преку 100 улоги, а исто така од 1999 година до 2002 година е директор на истоимениот театар. Од своите улоги во Народен театар „Антон Панов“ најзначајни се Костадин од „Печалбари“ од Антон Панов, Незнамов од „Без вина виновни“ од Островски, како и неговата последна главна улога Крсте Петков Мисирков во „Последниот ден на Крсте Петков Мисирков“од Јордан Плевнеш.
Неговото име е запишано во градот Струмица како еден од највлијателните личности во последните сто години. Во тоа време гостува во другите театри како Народниот театар во Велес, Драмскиот театар и други.
Во 2011 година прави трансфер во новооформениот театар Театар Комедија во Скопје и ја кажува првата реплика во Театар Комедија во претставата „Ах љубов моја“ од Коле Ангеловски. Создава прекрасни ролји и во „За секого има по една“ и „Лет над кандидатското гнездо“, а ја игра и главната улога на кралскиот готвач Фроги во „Хамлет во пикантен сос“ од Алдо Николај. Игра и во „Многу врева за ништо“ и „Чувството на брадата“ и претставува битен член на Театар Комедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
По пауза од 25 години Коле Ангеловски повторно ја режира „Не сега, драга“, сега за шестиот роденден на Театар Комедија
-
Коле Ангеловски ја режира „Не сега, драга“ во Театар Комедија
-
Синиша Евтимов во Театар Комедија ја подготвува претставата „Жена ми се вика Борис“


