Нивото на терористичка закана во Германија во моментот е на исклучително високо ниво поради учеството на Берлин во борбата против радикалната група Исламска држава, објави германскиот весник „Билд“.
Секој момент можат да бидат извршени терористички напади со различен интензитет.
Терористичката закана е највисока од времето на дејствување на „Фракција Црвена армија“ (левичарска радикална група од Западна Германија) во 70-тите години, пишува „Билд“ повикувајќи се на доверлив документ на германската разузнавачка служба.
Во Германија посебно внимание се посветува на врските на локалните муслимани со терористите во Ирак и во Сирија. Според податоци на германската разузнавачка служба, околу 1.000 луѓе во Германија се приврзаници на исламистите, а 230 од нив се потенцијални извршители на терористички напади на германска територија.
Околу 550 лица од Германија се борат на страната на ИД во Сирија и во Ирак, а 150 веќе се вратиле во земјата и можно е да придонесат за радикализација на муслиманите или да подготвуваат напади. Околу 30 од нив директно учествувале во борбите. Во Сирија и во Ирак загинале 60 германски граѓани, а најмалку деветмнна биле бомбаши-самоубици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.