Светскиот македонски конгрес (СМК) протестира поради прекин на емитувањето на сателитскиот канал на државната Македонска радио-телевизија – МКТВ САТ, за Македонците во светот.
Во соопштението од СМК се вели дека упатиле допис до Македонската радио-телевизија, Министерството за транспорт и врски и до Владата на Република Македонија со барање за објаснување за прекинот и за итно продолжување на емитувањето на сателитскиот канал на државната Македонска радио-телевизија – МКТВ САТ.
СМК очекува брзо отстранување на причините за прекинот на емитувањето на сателитскиот канал на државната Македонска радио-телевизија – МКТВ САТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


