| четврток, 6 декември 2018 |

Го проголта земјата додека играл голф (фото)

Четириесет и тригодишен Американец што играл голф со пријателите за момент бил проголтан од земјата, по што биле потребни 20 минути за да биде извлечен.

Брокерот од Мисури, Марк Михал, не ни сонувал што може да му се случи кога во петокот заминал на партија голф во Ватерло, Илиноис. Во моментот кога сакал да го удри топчето, се отворила земјата под неговите нозе, и за малку ќе ја доживеел судбината на Џефри Буш, кој неодамна настрада кога се отвори дупка под неговиот кревет во кој спиел во Флорида. Телото на Буш досега не е најдено.

– Стоев среде терен. Тогаш, пред да сфатам што се случува, се најдов под земја – рекол Михал.

mark3

Михал пропаднал во дупка длабока 5,5 метри. При падот го повредил рамото. Поради тоа, по него се спуштил еден од неговите пријатели со јаже за да го врзе околу појасот.

– Кога бев долу, ми помина низ глава трагедијата на Буш. Изгледаше како уште дека ќе се урива земјата. Воопшто не беше пријатно – рекол тој.

Геологот Филип Мос рекол дека вакви случаи се чести во овој дел на Илиноис поради варовничкиот терен, а Михал се нашол на погрешно место во погрешно време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top