Францускиот премиер Мануел Валс повика на будност и единство во земјата по трите напади во последните три дена, пренесоа француските медиуми.
-Ние не ги омаловажуваме нападите- подвлече Валс за радио Јуроп 1. Тој ја уверува француската јавност дека меѓу нападите нема никва каузална врска.
-Силите за безбедност си имаат работа со луѓе со две лица, кои можат да дејствуваат сами – нешто што ја усложнува работата на службите- забележа Валс.
Франција од саботата до вчера беше арена на три напади – две намерни автомобилски прегазувања, во кои беа повредени 13, односно 10 лица, и напад во кој маж рани двајца полицајци пред да биде убиен. Според властите, тројцата напаѓачи дејствувале сами и не се поврзани со терористички организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.