| четврток, 6 декември 2018 |

По Северина, и Јелена Карлеуша доби улога на судијка во „Икс-фактор“

Во втората сезона на регионалното музичко шоу „Икс-фактор“, кое од пролет ќе се емитува во пет земји, некои од српските медиуми веќе објавија дека една од судиите ќе биде хрватската ѕвезда Северина, а меѓу нив ќе нема ниту еден член од жирито на претходната сезона.

Веќе е договорена Северина, која не крие дека е одушевена што ѝ се пружи шанса да учествува во ваков вид емисија – велат од продукцијата.

Покрај Северина, српските медиуми пишуваат дека како судијка може да се појави и српската пејачка Јелена Карлеуша.

Во улога на жири и на ментори во првата сезона ги гледавме Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач, Емина Јаховиќ и Кики Лесендриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top