| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на Антологија на македонската книжевност во ДПМ

Во Друштвото на писателите на Македонија в среда (24 декември) во 12 часот ќе се оржи промоција на Антологија на македонската книжевност од 9 до 21 век. Овој прв интегрален избор на книжевните остварувања создавани од Св. Климент до денес, го објави Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Составувачи на текстовите од македонската средновековна книжевност, од македонските народни умотворби, на прилозите од периодот на македонската книжевност во 19 век и од македонската книжевност од првата половина на 20 век, како и на антологиските страници од современата македонска поезија, роман, расказ и драма, се Илија Велев, Маја Јакимовска Тошиќ, Марко Китевски, Валентина Миронска Христовска, Јасмина Мојсиева Гушева, Наташа Аврамовска, Лорета Георгиевска Јаковлева, Соња Стојменска Елзесер и Мишел Павловски. Антологијата ќе ја промовираат д-р Маја Јакимовска Тошиќ, директор на Институтот за македонска литература и д-р Александар Прокопиев. Средбата ќе ја отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а програмата ќе ја води Александра Велинова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top