| четврток, 6 декември 2018 |

„Бродот“ на Тамара доби видеозапис (видео)

Во емотивна љубовна приказна раскажана преку танц со светло-сенки, Тамара Тодевска го претстави новиот спот за второнаградената тема на „Скопскиот фестивал 2014“ – „Брод што тоне“. Матичната куќа на Тамара, „Горила филмс“ е продуцент на записот.

tamara

Спотот се снимаше на главната сцена во МНТ. „Горила филмс“ изразува јавна благодарност до Македонскиот народен театар за сесрдната помош при реализацијата на видеозаписот.

tamara4

Комплетен музички автор на песната е Роберт Билбилов. Кореографијата во спотот ја осмисли Олга Панго, а танците ги изведуваа врвни македонски балетски играчи. Директор на фотографија на спотот е Александар Крстевски, додека режијата и монтажата се на Горан Костадинов.

tamara3

tamara2 tamara1

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top