| четврток, 6 декември 2018 |

Германски новинар ги открива плановите на Исламската држава: Терористите планираат верски геноцид

553189_foto-twiter--5_fРадикалните исламисти сакаат целосно да ги избришат сите религии што го поддржуваат демократскиот модел на општествено управување, вели 74-годишниот германски новинар Јирген Тоденхофер, кој е прв претставник на западните медиуми што помина десет дена меѓу џихадистите и од прва рака дозна со какво оружје располагаат.

– Исламската држава е многу посилна и поопасна отколку што смета Западот. Зазема територија поголема од Велика Бриталнија, а нејзините приврзаници целосно се заслепени од идеите за кои се подготвени да удрат. Такво нешто досега не сум видел во ниту една воена зона – вели новинарот.

Тоденхофер стигнал во Мосул преку Турција, по повеќемесечни преговори со водачите на терористичката организација. Престојувал во разурнати објекти во кои спијат исламистите и разговарал со дел од стотиците борци што секојдневно пристигнуваат од разни краеви на светот.

– Се плашев дека ќе ми  ја отсечат главата како на мојот колега Џејмс Фоли. Слушнав како зборуваат дека ќе ги убијат сите што не веруваат во нивното толкување на Куранот. Планираат најголем „верски геноцид“ во историјата – открива тој.

Според неговото мислење, воздушните напади не се доволни да се сопре Исламската држава затоа што тоа би значело дека цел Мосул треба да се срамни со земја. Затоа Тоденхофер предлага копнена офанзива. Своето видување за Исламската држава „однатре“ ќе го претстави во книга, која ја подготвува.

Тоденхофер предупредува дека следната фаза е експанзија на Исламската држава и ширење на Запад. Единствени што можат да им застанат на патот се сунитите од Ирак. Ако сакате да го поразите противникот морате добро да го познавате, рекол германскиот новинар кој веќе 50 години исвестува од воените зони а интервјуирал и водичи на талибанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top