| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје ја намачи моќната Црвена Ѕвезда

Во драматична завршница македонскиот шампион не успеа да  направи големо изненадување и да го совлада фаворитот Црвена Ѕвезда кој сезонава постави рекорд во АБА лигата со 13 победи без ниеден пораз.

„Штрковите“ успеаа на пет минути до крајот да стигнат на само еден поен предност иако Црвена Ѕвезда во првиот дел имаше предност од 22 поени.

На средбата за прв пат во дресот на МЗТ заигра репрезентативецот Предраг Самарџиски кој постигна 17 коша против својот поранешен клуб од Белград.

На 15 секунди до крајот МЗТ имаше можност да изедначи но наместо да шутира за 3 бекот на домаќините Цветковиќ се обиде да влезе под кошот но не успеа да постигне поени.

 

Во третата четвртина МЗТ успеа да победи со 21:6 но сепак на крајот тоа не беше доволно за целосен пресврт.

 

Конечниот резултат  е 79 : 76 за гостите од Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top