Македонија мора да го промени генералниот курс за да опстане, повика лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски, на вечерашниот митинг во Гази Баба.
Тој нагласи:
– Коалицијата за иднината ја направивме за многу повисоки цели, за иднината на овој народ и држава, не ги делиме кандидатите на наши и ваши. Барам од вас ако ви лежи партијата на срце и искрено се борите за овој народ и оваа држава, да работите како никогаш досега, како за себе, за СДСМ, за Сојузот за иднината – победата заедно ќе ја славиме! Заслужуваат да бидат казнети и никогаш, па и на неделна прочка да не им е простено.
И во Ѓорче Петров побара да се стави крај на „лудилотo и на агонијата“.
– Ние како држава, бидете убедени, немаме капацитет да ги издржиме овие погубни политики – рече Црвенковски на митингот вечерва во скопската општина Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


