| четврток, 6 декември 2018 |

Басеску: 2015 не е реална за еврозоната

romaniaЗа романскиот претседател Трајан Басеску влегувањето на Романија во еврозоната во 2015 година е „нереална цел“. Тој во парламентот поддржа членство на државата во валутната зона за три до четири години. Во говор Басеску изјави дека прифаќањето на еврото е обврска која произлегува од Договорот за членство, но прецизира дека првичната цел за влез во монатарната унија во 2015 година станала „нереална“. Според него, тој рок треба да биде променет по анализа од Владата, Парламентот и Националната банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top