Тројца пратеници од Долниот дом на британскиот парламент и тројца членови на горната парламентарна комора (Домот на лордовите), фигурираат на листа со имиња на политичари, вмешани во наводна педофилска мрежа во британскиот парламент, пишува британскиот весник „Индипендент“.
Листата е изготвен од страна на пратеникот од Лабуристичката партија, Џон Ман, и е предадена на Скотланд Јард. Таа содржи имињата на 22 високи британски политичари, кои според пратеникот, заслужуваат да бидат испитани за напади врз деца. Во списокот има 12 поранешни министри.
Веста за предадената листа следи, по откритијата во британските медиуми, дека Скотланд Јард ги истражува тврдењата дека три момчиња, за кои се смета дека биле предмет на напади во 70-тите и 80-тите години на минатиот век од страна на британски пратеници, биле убиени од насилниците.
Според информациите, полицијата истрагата ја базирала на наводите на очевидец по име Ник. Тој и раскажал на полицијата, дека пратеник од Конзервативната партија, удавил момче за време на сексуална злоупотреба. Второ момче било убиено под слични околности.Трето момче било намерно прегазено од автомобил со кој управувал еден од насилниците.
Самиот Ник, исто така со години бил жртва на сексуални напади од страна на политичари од Конзервативната партија. Во полиција тој раскажал дека бил силуван од 7 годишна до 16годишна возраст, на забави организирани во пратеничка зграда на плоштадот „Долфин“ во Лондон, како и на други места, вклучувајќи и воени бази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Српските пратеници во иднина не ќе можат да преминуваат во други партии
-
Скандал во Британија: Компанија за болнички отпад, складирала човечки тела
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Британците го отфрлаат планот на Меј за „Брегзит“