Во организација на Македонскиот совет за зелена градба, со поддршка на Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК), денеска ќе се одржи Првата конференција за зелена градба во Република Македонија.
Целта на конференцијата е почнување со зелено дејствување и создавање нови трендови во градежништвото, дефинирање ист јазик за зелена градба со Европа и остатокот на светот, запознавање на стручната и општата јавност, како и подигнување на јавната свест на национално ниво со промовирање на практиката и технологијата на зелена градба.
На конференцијата ќе се обрати министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, а планирано е да учествуваат и пратеници, претставници на стопанските комори, како и претставници на повеќе компании и експерти од јавниот и приватниот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.