По повод 70 години постоење, денеска (22 декември) во 20 часот во галеријата „Лазар Личеноски“ во склопот на училиштето ќе се отвори изложба на ученички дела инспирирани од делата на првите професори во школото и основоположници на современата македонска ликовна уметност. Истовремено ќе биде откриена и статуата на академик Димо Тодоровски, првиот професор на вајарскиот оддел, дело на проф. Ангеле Нацевски. Ова е главен настан во рамките на целогодишното одбележување на големиот јубилеј. Училиштето е формирано на 1 декември 1944 година на заседанието на АСНОМ ( со потпис на Методија Андонов –Ченто), и низ годините претрпувајќи многу измени во образовниот систем и да денес е во чекор со модерните и современите текови на уметноста.
Училиштето втора година работи со изменети современи наставни програми, пред сѐ преку отворање на одделот за мултимедијална уметност, но и преку воведување на предметите фотографија, дигитална уметност и видео и звук
Споменикот на Димо Тодоровски и изложбата ќе ги отвори заменик- министерот за образование и наука во Владата на Република Македонија, Спиро Ристовски, а пригодно обраќање по повод јубилејот ќе има академик Бајрам Газанфер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.