| четврток, 6 декември 2018 |

На „Ало докторе“ минатата недела имало 927 јавувања

доктор

Во текот на изминатата недела на телефонската линија „Ало докторе“ медицинска помош побарале 927 лица.

Јавувањата најчесто биле за најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, за покачен крвен притисок, проблеми со зголемена телесна температура, кашлица, настинка и симптомна болка.

За здравствени совети на граѓаните им се достапни 22 доктори, а секој ден од 18 до 22 часот во информативниот центарт „Ало докторе“ се дежурни и директорите на јавните здравствени установи.

Денеска во центарот е дежурен проф. д-р Небојша Пешиќ, директор на Клиниката за дематовенерологија. Утре ќе биде доц. д-р Славчо Стојменски од Клиниката за трауматологија, в среда д-р Сузана Двојаковска од Клиниката за максилофацијална хирургија. В четврток на граѓаните ќе им одговара д-р Татјана Баевска-Вучковиќ, директорка на Здравствен дом – Скопје и в петок проф. д-р Никола Николовски од Клиниката за уво, нос и грло, в сабота д-р Слободан Ѓоргиевски од ЈЗО Здравствена станица Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а в недела проф. д-р Бисерка Ќаева, директорка на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Во информативниот центар од 15 септември, кога почна овој проект, се реализирани 14.231 повици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top