– Отпорашите кои ја девалвираа нашата држава, квази бранители и насилници имаа можност шетајќи по улиците да ги видат сите наши дела во Прилеп. Дали ова ви изгледа како програма, се повикуваат на ова мало флаерче дека ќе го оправеле земјоделието, а тоа е исправено до владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го развиеле културниот туризам, а кога беа на власт ги заборавија сите цркви и археолошки локалитети во Мaкедонија. Тие ги уништија спортските терени, спортски сали. Го имаат и најчудниот прoект-не 5 не 15 туку 500 акумулации ќе направеле во Прилеп, дали верувате дека ќе никнат 500 акумулации за 5000 вработувања? На оваа лага на Хари не му веруваат ни децата во градинка. Од каде пари, од каде толку вода за 500 акумулации? Со сите лаги во брошурчето, тој го надимна и својот лидер Бранко Црвенковски – се обрати вечерва пред прилепчани Марјан Ристески, кандидат за градоначалник на Прилеп од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
На митингот во Прилеп тој зборуваше за сивилото кое го оставиле СДСМ пред неговото доаѓање во градоначалничката фотелја. Но откако е тој на првата позиција, како што рече, со изградбата на плоштадот со уште три плоштади го исфрлиле градот на едно од највисоките места на најубави градови на Балканот. Сега Прилеп, додава Ристески, е најчист и најубав град во Македонија.
-Прилеп го претворивме во културен центар на Балканот, го имаме Пиво Фест, што оваа година ќе прерасне не во Балкански, туку во европски и светски фестивал – рече Ристески.
Тој вети нови вработувања, нови индустриски центри, нови индустриски зони, град кој ќе станел најинтересното место за инвестирање во Македонија, нов трговски центар, 78 нови социјални станови, хотел, автобуска, реконструкција на железничката станица, јавен градски превоз, сите пензионери во сабота со бесплатен превоз.
Кандидатот за градоначалник истакна дека во иднина ќе продолжат со вложување во спортот и во грижата за децата, како и во културата. Најави изградба на ново кино, повеќенаменски културен центар, изградба на споменик на последниот македонски крал, кралот Марко
Вели, лага е дека СДСМ ќе го гасифицира Прилеп, бидејќи градот може да биде гасифициран со приклучување на Јужен поток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата