Во дерби дуелот од англиската премиер лига меѓу Ливерпул и Арсенал беа постигнати четири гола, по два на двете страни.
Арсенал ја прокоцка шансата за победа во последните секунди од натпреварот откако дозволи дефанзивецот на Ливерпул по последниот корнер да ја затреше мрежата во 97 минута.
Во првиот дел двата тима играа резервирано и немаа скоро никакви шаси за гол. Првите посериозни возбудувања се случија во самиот финиш од првиот дел кога беа постигнати два гола. Ливерпул поведе во 45 минута, а само неколку моменти пред крајот на полувремето Арсенал израмни со голот на Дебуши.
Во вториот дел избраниците на Арсен Венгер дојдоа до целосен пресврт со голот на Оливие Жиру во 64 минута. Кога се чинеше дека Арсенал ќе го освои целиот плен, а за тоа им одеше и во прилог и црвениот картон на Борини во 92 минута, Шкртел го постави конечниот резултат.
Ливерпул и во четвртиот натпревар против „големите“ тимови од Премиер лигата не успеа да дојде до победа. Претходно беа поразени од Челси, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Liverpool vs Arsenal 2-2 All Goals & Highlights by footy-goalscom
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




