| четврток, 6 декември 2018 |

Нова инвестиција, нови 2.500 вработувања – американска компанија заинтересирана за влез во земјава

Vele_Samak_g_1
Американска компанија со главно седиште во Минхен во Германија е заинтересирана за инвестиција во Македонија. Од компанијата неколку пати ја посетија нашата земја и избираа помеѓу неколку локации, но фаворит остана регионот во северо-западна Македонија – истакна министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак на денешната отворена владина седница.

Тој нагласи дека со вицепрепемиерот Пешевски успеале да ги убедат дека сепак она што се нуди во Македонија од целокупниот пакет на трошоци е всушност најдобар и најконкурентен.

-По нашата посета таму, тие веднаш направија посета во Македонија. Чекаме да поминат празниците и се надеваме дека за еден месец тоа ќе се официјализира. Тоа би било поголема инвестиција, со вработувење за над 2.500 луѓе, истакна Самак.

Дека оваа инвестиција оди во добар правец смета и вицепремиерот Владимир Пешевски.

-Очекуваме официјално добри вести во скоро време, иако вака неофицијално мислам дека работата е завршена, додаде Пешевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top