Едно лице е повредено во Крушевско за време на дрвосеча. Вчера напладне, во 12 часот, во с.Локвени, крушевско додека Н.З.(26) и неговиот брат оделе по дрва, едно лице со пиштол истрелал неколку пати во нивен правец при што Н.З. бил погоден во левата надлактица и истиот се здобил со телесна повреда.
По консултација со јавното обвинителство извршен е увид на местото на настанот, од страна на оштетените едно лице жител на с. Локвени се посочува како можен сторител при што извршен е разговор со осомниченото лице кое во целост го негира настанот.
Одземени се предмети кои се испратени на вештачење, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.