По македонскиот камионџија Андруш, на интернет се појави ново видео од распеан возач, овојпат, босанскиот камионџија, Бесим Джаниќ. Тој возејќи со својот камион отпеал неколку песни, а медиумите од поранешна Југославија го претставија како вистинска ѕвезда.
Пред само два месеци на интернет и социјалните мрежи хит беше нашиот распеан камионџија Андруш, кој со својот глас и интерпретација со песната “Оди ѕвездо“ ја освои целата македонска јавност ширум светот.
Колку за напомена, музичката нумера на нашиот популарен камионџија Андруш за само 24 часа имаше нешто повеќе од 50.000 прегледи на ЈуТјуб, а оние на босанецот Бесим кои се скоро објавени од 16 до 20 декември заедно бројат нешто повеќе од 16.000 прегледи.
Инаку, „Оди ѕвездо“ од Андруш објавена на 20 октомври моментално на Јутјуб брои повеќе од 202.000 прегледи, што го прави еден и единствен, а нас и на јавноста ни останува да процениме кој е подобар изведувач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


