Легендарниот американски боксер Мухамед Али (72) вчера итно бил примен во болница и по испитувањето било утврдено дека има воспаление на белите дробови. Информацијата ја потврдил неговиот портпарол Боб Гунел.
Состојбата на боксерската легенда и трикратниот светски шампион во тешка категорија е во стабилна состојба. Според портпаролот, поради благодарение на навременото откривање на неговата болест, престојот во болница нема да трае долго.
Али од 1984 година боледува од Паркинсонова болест, а 72-годишниот боксер се поретко се појавува во јавноста. Последен пат се појави во септември на свеченост во родниот град Лујсвил на доделувањето на хуманитарните награди со негово име, но тогаш ништо не говорел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



