Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со својот клуб Барселона се пласираше во финалето од АСОБАЛ купот откако синоќа беа поуспешни од Ла Риоха со 35:25.
Победникот на овој меч беше решен уште по првото полувреме кое Каталонците го завршија во своја полза со 19:12.
Лазаров седум пати се запиша во листата на стрелците. Од него поефикасен беше само Рутенка со осум голови. Во поразениот тим најдобар беше Анхел фернандез со девет реализации.
Барселона денеска во финалето на АСОБАЛ купот ќе игра против Гранолјерс кој во првото полуфинале го совлада домаќинот на турнирот Адемар Леон со 30:27.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.