| четврток, 6 декември 2018 |

Во автомобил убиени двајца полицајци во Њујорк, убиецот прво си ја застрелал девојката (видео)

убиец

Шокантното убиство на двајца полицајци во сред бел ден во Њујорк е одмазда за одбивањето на судот да ги подведува под одговорност полицајците, од чии раце загинале Афроамериканците, објавија американските медиуми. 28-годишниот афроамериканец Исмаил Бринсли прво ја застрелал девојката, пред да отвори оган по двајцата полицајци. 

Убиството на девојката е извршено во саботата наутро во градот Балтимор. Откако ја застрелал, убиецот на полицајците патувал 190 милји до Њујорк, за да го изврши другото дело.  Претходно беше соопштено дека вооружен напаѓач застрелал двајца полицајци во њујоршкиот кварт Бруклин, по што се самоубил во метро станица. Престапникот, вооружен со пиштол, се приближил кон патролата и без да каже збор отворил оган. Забележувајќи приближувањето на друга полициска кола, Бринсли избегал во близина, во метро станица, каде си пукал во главата. Тешко повредените полицајци биле веднаш пренесени во болница, но напорите на лекарите да им ги спасат животите биле залудни.


Локалните медиуми сугерираат дека убиството може да е одмазда за одбивањето на судиите да им судат на полицајците, од чии раце во последните месеци загинаа  неколку невооружени Афроамериканци . Три часа пред убиството Бринси на„Инстаграм” упатил неколку закани на адреса на полицијата. Во еден пост се вели: „Денес ќе им ставам на свињите крилја. Тие убија еден од нашите, ајде да убиеме двајца од нив “. Под овој натпис Бринсли објавил фотографија на пиштол.

Началникот на полицијата во Њујорк, Вилијам Бретон, веќе даде изјава во врска со постапката на Бринсли. Според неговите зборови, тој дејствувал сам и не е поврзан со терористички организации. 

Американскиот претседател Барак Обама го осуди вчерашното убиство на двајцата полицајци во Бруклин, Њујорк.

– Претставниците на полицијата заслужуваат почит и благодарност за нивната секојдневна работа, истакна Обама, кој е на семеен одмор на Хаваи.

Вооружен маж вчера застрела двајца полицајци кои седеле во полициски автомобил, а потоа се самоуби во метро станицата во близина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top