Екипата на Атланта ја забележа 12. победа во последните 13 одиграни натпревари. На гостувањето кај Хјустон тимот на Перо Антиќ славеше со 104:97. Македонскиот кошаркар Перо Антиќ во 16 минути игра постигна седум поени (2/3 за три, 1/2 за два поени), два скока и една загубена топка.
„Јастребите“ 17. триумф сезонава го обезбедија пред крајот, предводени од расположениот Кајл Корвер направија серија од 7-0 за водство од 97:90. На крајот токму Корвер со 22 поени и 4/8 од линијата за три поени беше прво име кај Хокс, на другата страна Хауард имаше 19 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)