Следната година ќе почне изградбата на втората делница од пругата кон Бугарија. Тоа е делницата од Клечовце до Крива Паланка. Пред два дена склучивме договор за реконструкција на пругата од Битола до Кременица. Во 2015 година очекуваме да почне и изградбата на гасоводниот крак до Штип со што ќе почнеме со изградбата на националната гасификациска мрежа, најави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Министерот по пуштањето во употреба на локален пат во прилепско и повеќенаменско игралиште во прилепската гимназија, истакна дека има повеќе приоритетни проекти во патната и железничката инфраструктура во наредната година.
– Работиме врз база на четиригодишна програма. Проектите што ги напоменав се само дел од она што е планирано. Наредната година треба да почне и изградбата на брзиот пат од Градско до Прилеп што е значајно за овој регион, рече Јанакиески. Во 2015 година, додаде тој, треба да се заврши и проектот за локални патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јанкулоска со поддршка за Јанакиески (фото)
-
Струјата повторно ќе поскапи, а гасификацијата е заглавена
-
Илиовски: Не може и не смее да се игнорираат 37 милиони евра за гасификација и 47 милиони евра за топлификација
-
Преку новото сценарио за гасификација, владата на СДСМ ја прави Македонија енергетски зависна од Русија


