| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона ја торпедираше Кордоба (видео)

Каталонскиот гигант Барселона лесно и убедливо со 5-0 ја победи Кордоба во рамките од 16.коло од шпанската Примера дивизија.

BARCELONA - CORDOBA

Каталонците одиграа одличен натпревар кој резултираше со пет погодоци од кои четири во вториот дел. Играч на натпреварот беше аргентискиот виртуоз Лео Меси со два гола во самиот финиш од натпреварот.
Резултатот го отвори уште во втората минута Педро на додавање на Иван Ракитиќ. До крајот на првиот дел мрежите мируваа.
Во второто полувреме вистинска голеада во мрежата на Кордоба. Луис Суарез беше стрелец во 53 минута и полека се враќа во посакуваната голгетерска форма од минатата сезона во дресот на Липверул.
Третиот гол беше дело на Пике, додека Меси во 88 и сидиското продолжение ги постави конечните 5-0.
Со оваа победа Барселона му се доближи на Реал Мадрид на само еден бод на табелата, но кралскиот клуб овој викенд нема да го игра својот натпревар против Валенсија поради учеството на светското клупско првенство.
Тој натпревар со Валенсија е закажан за 4 јануари следната година.


Barcelona vs Cordoba 5-0 All Goals & Match… by Video_Vision

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top