Четворица Авганистанци, кои повеќе од десет години поминаа во затворот во Гвантанамо, префрлени се во Авганистан, соопшти денеска Пентагон.
Тоа е најновиот чекор на администрацијата на претседателот Барак Обама за постепено затворање на американскиот воен затвор на Куба.
Четворицата мажи со воени авиони се однесени во Кабул и предадени на авганистанските власти.
– Тоа е прв таков случај уште од 2009 година, истакнаа претставници на Пентагон.
На почетокот од месецот шест затвореници се префрлени во Уругвај, па со најновите трансфери во затворот во Гвантанамо останаа уште 132 затвореници.
Обама пред шест години, кога го доби првиот претседателски мандат, вети затворање на затворот Гвантанамо, но тоа не можеше да го реализира и поради спротиставувањето во Конгресот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


