Во премиерниот натпревар од англиската Премиер лига Манчестер Сити го совлада Кристал Палас со 3-0.
Сите три гола беа постигнати во второто полувреме од натпреварот, а творец на победата беше Давид Силва кој со два гола за само 12 минути им донесе солидна предност на своите соиграчи. Тој успешно стрелаше кон голот на Кристал Палас во 49 и 61 минута од натпреварот. Конечниот резултат го постигна Јаја Туре на девет минути до крајот од мечот.
Со оваа победа Манчестер Сити врза шест победи по ред и се изедначи на табелата на првото место со Челси со по 39 бода, но лондонскиот тим има натпревар помалку кој го игра во понеделник против Стоук на гостински терен.
Во останатите денешни натпревари од 17.коло се среќаваат:
Астон Вила – Манчестер Јунајтед, Хул – Свонси, КПР – ВБА, Саутемптон – Евертон, Тотенхем – Барнли, Вест Хем – Лестер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



