| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски повторно се загуби во политиката – за него и Путин е лажго

Analiza84-2-Pendarovski-740x320-top

Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ на последните претседателски избори смета дека рускиот претседател Владимир Путин лаже. Иако Путин најави дека гасоводот може да се реализира преку Грција во Македонија, Пендаровски си зема за право да ја оценува вистинитоста на изјавата на светскиот политичар и да си донесе заклучок дека Путин лаже.

-Тој цевковод нема да се изгради. Прво ЕУ нема да дозволи, а и Русија нема пари за таков проект. Затоа и пропадна Јужен Поток, Москва процени дека нема да можат да го изградат затоа што се во тешка финансиска криза. Блокадите од ЕУ помогнаа да не успее проектот но мислам дека во Москва тоа го искористија како алиби да го закопаат проектот – вели Пендаровски во интервју за „Мактел“.

Според него немаат пари затоа што цената на нафтата паѓа подолго време, имаат санкции, економијата им е непродуктивна нео-комунистичка со голема превработеност во администрацијат.

-Потрошија многу пари за војската и олимписките игри и толку им е чергичето, Русија не е Кина или САД, тие не се толку моќна економија како што сака да се престави, со боксерски речник они не се тешка категорија, туку перо-лесна. Тоа е реалноста – коментира Пендаровски.

Пендаровски и пред некој ден се стави и во улога на коментатор за нешто за кое веројатно ни самиот  не знаеше што зборува. Велеше дека македонскиот премиер наместо во Белград да го брка кинескиот колега, како ш то прават сите останати премиери, се залетал во Саудиска Арабија, „земјата која извезува само две работи во светот, нафта и вахабизам“.

Груевски беше во Саудиска Арабија, но беше и во Белград. Од Саудиска Арабија пристигнаа добри најави за можни инвестиции, а во Белград Груевски оствари поединечни средби со премиерот на Народна Република Кина, со српскиот премиер, со својот унгарски колега. Земјава потпиша договор за царинско олеснување со Кина,Србија и Унгарија. На средбата со кинескиот премиер, според она што пристигна како информација од Белград, се зборувало за конкретни проекти од инфратруктура, за туризам, енергетика, инвестиции во Македонија.

По средбата со кинескиот премиер Ли Кечијанг беше потенцирано дека две кинески компании се сериозно заинтересирани за изградба на голема кланица и цементрарница во Македонија, а постои и интерес за реализација на енергетски проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top