| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио повторно поразен дури по три продолженија (видео)

Синоќа во НБА лигата се одиграа десет натпревари на кои дури на седум средби славеа гостинските екипи.

san antonio

Шампионот Сан Антоонио по трилер-натпреварот во кој загуби од Мемфис по три продолженија, и ноќеска во дерби дуелот од западната конференција истотака дури во три продолженија на домашен паркет загуби од лидерот Портланд.
Гостинскиот тим дури во третите дополнителни пет минути го скрши отпорот на Сан Антонио со резултат 17-7 (129-119) заслужено се радуваше на победата. Демијан Лилард имаше блескава вечер постигнувајќи 43 поени. Одлична партија пружи и Олдриџ со дабл-дабл учинок од 32 поена и 16 скока. Кај Сан Антонио највпечатлив беше ветеранот Тим Данкан со 32 поена и 10 скока и пет украдени топки и Грин кој додаде 27 коша.

Дуелот меѓу браќата Гасол му припадна на постариот Пау во изненадувачката победа на Чикаго против Мемфис од 103-97 на гостински терен. Батлер и Миротиќ беа творци на победата за Чикаго постигнувајќи 31 односно 27 поени. За одбележување е блескавата партија на Миротиќ кој успеа да погоди шест тројки од исто толку обиди.

Кливленд по поразот од Атланта се врати на победите против Бруклин од 95-91. Леброн Џејмс беше лидер во својот тим со 22 поени и девет асистенции. Сепак најефикасниот играч доаѓа од поразената екипа. Џо Џонсон успеа да уфрли 22 поени, но тоа не беше доволно да се направи изненадување на теренот на противникиот.
За одбележување е дека Леброн со овие поени го мина вечната листата на најдобри поентери Чарлс Баркли со 23.758 коша.

Резултати НБА:

Мемфис – Чикаго 97-103, Орландо – Јута 94-101, Филаделфија – Шарлот 91-109, Бостон – Минесота 114-98, Кливленд – Бруклин 95-91, Детроит – Торонто 100-110, Мајами – Вашингтон 103-105, Сан Антонио – Портланд 119-129 (по три прод.), Денвер – ЛА клиперс 109-106, ЛА лејкерс – Оклахома 103-104.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top