Носителот на кандидатската листа за членови на Советот на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Кирил Николов им се заблагодари на струмичани за поддршката што им ја дават во досегашниот тек на кампањата и се во голем број дел од нивните промотивни средби со граѓаните.
-Овој тим од советници во иднина во локалната самоуправа ќе ја креира и поддржува заедничката визија за „Струмица на сите“. Со својата стручност и работа ќе застанеме зад вашите идеи, ќе ги решаваме вашите проблеми и ќе ја оправдиме вашата доверба. Тимот кој ќе ја промени сликата за Струмица се одликува со чесност и посветеност, комбинација на младост и искуство. ВМРО-ДПМНЕ наметна нови принципи и стандарди во политиката – рече д-р Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.