| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров најдобар десен бек во шпанската АСОБАЛ

Капитенот на македонската репрезентација и ѕвездата на Барселона, Кирил Лазаров го доби признанието за најдобар десен бек за минатата сезона во шпанската AСОБАЛ лига.
Во пресрет на ASOBAL Купот, кој почнува денеска во организација на Адемар Леон, каталонскиот тим ги собра наградите. Гала-вечерта мина во апсолутна доминација на членовите на Барселона.
Покрај Лазаров награди добија и:
Виран Морос (најдобар дефанзивец),
Даниел Шариќ (најдобар голман),
Виктор Томас (најдобро десно крило),
Јеспер Нодесбо (најдобар кружен напаѓач) и
Никола Карабатиќ, кој ја доби наградата за најдобар ракометар во АСОБАЛ за сезоната 2013/2014.
Лазаров ја доби и наградата Повераде по вторпат во AСОБАЛ лигата, за ракометар со најмногу настапи во шампионатот 2013/14 – 38 настапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top