| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата „Бели мугри“ за Марта Маркоска

kniga

Авторката Марта Маркоска е добитник на овогодишната награда „Бели мугри“, за млад автор до 35-годишна возраст што ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Според одлуката на жирито во состав: Бранко Цветкоски, претседател и Тодор Чаловски и Јованка Христовска, членови, Марковска ќе ја понесе наградата за нејзиниот поетски ракопис „Црни дупки во нас“. Втората награда ѝ е доделена на Љупка Антеска за поетскиот ракопис „Лек за времето и третата на Јосип Коцев, за поетската книга „Отфрлени“.

Наградите ќе бидат доделени на 22 декември на манифестацијата „Денови“, којашто Домот ја организира традиционално и е посветена на раѓањето на поетот Коста Солев Рацин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top