| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Капкон“ ќе се отворат 400 нови работни места

Американската компанија од автомобилската индустрија Капкон аутомотив технолоџис ќе инвестира 18 милиони долари и ќе отвори 400 нови работни места во индустриската зона во Скопје. Во фабриката ќе се произведуваат инфлатори за воздушни перничиња наменети за извоз на европскиот пазар. Производството се планира да почне во вториот квартал следната година.

Договорите за реализација на инвестицијата ги потпишаа денеска во Скопје претставници на македонската Влада и на компанијата Капкон. Алиел Хач, главен извршен директор во „Капкон“, најави дека ќе инвестираат во изградба на најсовремен капацитет со високософистицирани производствени линии со цел да обезбедат производство и испорака на висококвалитетни производи за своите клиенти во Европа.
­

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top