Кралицата на ромската музика Есма Реџепова синоќа заврши во болница, но само на закажаниот рутински преглед. Иако според новинарот на порталот „музика24“ кој случајно бил сведок на хоспитализирањето, таа била донесена во болницата во лоша здравствена состојба, нејзината менаџерка Весна Ѓорѓиевска денеска ја демантираше веста.
– На обожавателите и почитувачите на Г-ѓа Реџепова им потврдувам дека госпоѓата се чувствува одлично и со нетрпение Ве очекува сите за дочек на Нова година да бидете на Плоштадот Пела во центарот на Скопје и да се дружите со неа и нејзината песна – стои во соопштението на Ѓорѓиевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.