СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(37) од Тетово, за сторено кривично дело измама.
Пријавениот, во периодот од март до мај 2014 година, довел во заблуда 34-годишно лице од Крива Паланка ветувајќи дека ќе ја однесе неа и нејзините две деца во Германија, за што и побарал 1.200 евра. Истата му дала 210 евра, а остатокот од парите требало да му ги даде по пристигнувањето во Германија.
Откако пријавениот и кажал на оштетената дека државната граница треба да ја премине илегално, истата не се согласила и не тргнала на пат, а пријавениот не и ги вратил парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


