| четврток, 6 декември 2018 |

Само две недели по породувањето, Пишек ја врати старата линија (ФОТО)

10858626_10152893306826145_9109881194383008230_n

Највозбудливото излегување во последните 15 дена – вака Николина Пишек ја опиша прошетката на своето куче-миленик и нејзиното прво излегување од дома откако се породи со своето второ дете.

– Среќа е кога имаш најдобар маж и постара сестра кои го чуваат бебето за мама малку да вдише воздух затоа што богами заслужила – напиша хрватската водителка на фотографијата на „Фејсбук“

Таа пред две недели со царски рез на свет го донесе своето второ дете, а веќе изгледа исто толку добро како и порано. 

Во коментарите со останатите мајки, таа вели дека царскиот рез навистина е царски затоа што по пет дена веќе била старата таа, додека по природното породување со ќерката Хана во 1997 година, останала еден месец во кревет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top