Ражон Рондо е првиот кошаркар што ќе го смени клубот во перидот за трансфери во НБА што почна на 15 декември, а олстар-бекот на Бостон селтикс, сигурно, ќе игра за Далас по договорената размена на играчи меѓу двата клуба. Рондо, кој беше дел од шампионскиот состав на Селтикс со Гарнет и Пирс како ударно трио ќе замине за Далас заедно со Двајт Пауел, а во спротивен правец кај Бостон ќе пристигнат Брендон Рајт, Џамир Нелсон и Џеј Краудер, а Селтикс ќе ги добијат правата на Далас од првата и од втората рунда на драфтот и 13 милиони долари.
Рондо е одличен плејмејкер со олстар-квалитети, а познат е по неверојатните асистенции. Новиот бек на Далас има суперпросек од 11 поени, 8,5 асистенции и 4,7 скока по натпревар во кариерата.
Далас со размената добива значаен дел од мозаикот за атака на шампионската титула, а триото Дирк Новицки, Монта Елис и Ражон Рондо се одлична основа за остварување на целта.
Бостон одлучи да го реновира составот, а ги има правата за избор на нови играчи на драфтот и од Далас и од Бруклин нетс, што им ветува создавање на перспективен тим за во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.