Пентагон соопшти дека во воздушните напади изведени од Соединетите Американски Држави и сојузниците биле убиени повеќемина високи лидери на милитантната организација ИСИС.
Портпаролот на Пентагон, адмирал Џон Кирби, изјави дека Вашингтон бил уверен оти таквите загуби ја намалуваат способноста на Исламската држава да ги командува и контролира сегашните операции против ирачките безбедносни сили. „Волстрит џурнал“ пишува дека во воздушни напади загинале тројца блиски соработници на лидерот на милитантите Абу Бакр ал Багдади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.