| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: ЕУ може да ги укине санкциите спрема Русија ако се почитува територијалната целина на Украина

Ако биде запазена територијалната целина на Украина, ЕУ може да ги укине санкциите против Русија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по средбата на врвот на Европската унија.

Според неа, санкциите биле воведени како одговор на акциите на Русија и може да бидат укинати ако причината за воведувањето биде отстранета.

– ЕУ е подготвена да размисли за соработка со Евроазискиот економски сојуз ако бидат исполнети договорите од Минск за стабилизирање на ситуацијата во Украина – дополни Меркел.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави на прес-конференција во Брисел дека има намера во следните денови да ги продолжи преговорите за прекин на конфликтот во Источна Украина со колегите Владимир Путин и со Петро Порошенко.

Оланд изјави дека досега нема напредок за да биде извршено доставување на носачите на хеликоптери „мистрал“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top