Командантот на американските сили кои се борат против милитантите на Исламската држава, Џејмс Тери, оцени дека борбата со исламистите ќе трае најмалку три години.
Генерал полковник Тери потсети дека првите американски воздушни напади се случиле пред четири месеци и повика на трпение затоа што според негово мислење борбата против исламистите ќе трае најмалку три години.
Припадниците на ИСИС во последните месеци зазедоа големи делови на Ирак и од Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.