| четврток, 6 декември 2018 |

Татковството го менува мозокот на мажите

Последните години спроведени се голем брoј научни испитувања со кои е утврдено дека со раѓањето на детето мажите се соочуваат со значителни невролошки и хормонски промени, слини како тие што ги доживува и мајката.

Мозокот на таткото изгледа како мајчиниот
Грижата за бебето го менува мозокот на мажите, па тие покажуваат поинакво когнитивното и емотивното однесување. Мозокот на таткото се повеќе личи на мозокот на мајката. Неодамна спореведеното истражување покажа дека мажите кои ги чуваат своите деца на скенирањето на мозокот се гледаат интересни резултати. Имено, во нивнот случај, деловите од мозокот задолжени за одредување на емоциите и социјалното разбирање се поактивни откако бебето ќе стане дел од нивниот живот.

И татковците поминуваат низ хормонски промени
Бременоста, породувањето и доењето предизвикуваат намалено или зголемено лачење на одредени хормони кај жените, но научниците утврдија дека нешто слично се случува и во телото на мажите иако тие не се во состојба да го носат и хранат бебето по природен пат. Во истражувањето биле вклучени луѓе и припадници на животинскиот свет и покажа, дека мажите кои ја оствариле улогата родител имат поголем окситоцин, естроген, пролактини и глукокортикод, а експертите наведуваат дека до ова зголемување доаѓа благодарение на контактот со бебето и нејзината мајка.

Окситоцинот ја зацврстува врската меѓу таткото и бебето
Веќе споменатиот окситоцин, кој уште се вика и љубовен хормон, ги поттикнува татковците повеќе да се грижат за нивните бебиња, да се вклучат во играта со нив, а тие одговараат со еднаква љубов.

Татковството е причина за создавање нови неурони
Како што се покажани голем број истражувања, на татковците се обновуваат изгубените нервни клетки и исто така доаѓа до создавање нови. Тие растат побрзо и подобро се развиваат, што ја подобрува меморијата кај мажите.

Татковците се чувствителни на детскиот глас
Општо познато е дека мајчинскиот инстикт им помага на мајките да го препознаат плачњето, кога бебето е гладно, кога нешто го боли, а кога е поспано. Сепак, научниците утврдиле дека и татковците можат да се поврзат со своите деца на тој начи: едно истражување покажа дека 90отсто од татковците го препознаваат значењето на плачот на бебето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top