| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна исповед на татко од Русија: Малолетната ќерка спиеше на каучот со непознат маж

„Едно утро слегов по скалите и ја видов мојата 17-годишна ќерка како спие на кауч во друштво на момче после заеднички помината ноќ“, вака ја започнува својата исповед еден татко од Русија на интернет страницата Реддит.

За овој ;човек поимот татковство подразбира многу повеќе, вклучувајќи и емоционална поддршка во ситуации кога би посакале да реагирате на негативен начин.

– Тивко подготвив доручек, ја известив сопругата, помладата ќерка и синот дека имаме гостин, а потоа на цел глас извикав: „Момче, доручекот е готов. Никогаш не сум видел некој толку брзо да се пробуди“, пишува таткото.

И покрај се`, тој одлучил да седне со момчето на ќерката, да појадува и да поразговара.

-Беше многу допадлив и пријателски настроено момче. Очигледно необразован, но не беше глупав. Имаше нешто чудно во врска со него. Мојата ќерка ме убеди дека е многу љубезен и внимателен. Во тој момент го знаеше околу еден месец. Секој ден доаѓаше по неа со мотор за да ја однесе на училиште, но повеќе никогаш не преноќи, додава таткото.

Ми кажа дека нема семејство, образование и постојана работа. Мојата ќерка го обожава. Тој ја обожава неа. Се запрашав: кој сум јас да ги спречам?

Но со време, таткото се уверил во неговата сериозност. Момчето ја поттикнувало девојката да ги пишува задачите на време, се грижело за неа кога била болна, стрпливо и` се додворувал кога била лошо расположена…

Отприлика осум месеци подоцна семејството дознало дека момчето е бездомник. Неговиот татко се самоубил, а неговата мајка наркоманка која побегнала неколку недели откако се самоубил татко му. Тогаш имал 15 години. Три години преживувал на улица, спиејќи кај пријатели, работејќи градежни работи.

-Го знам момчето има 18 или 19 години, пристоен е, доаѓа дома насмеан и таков си заминува. Го познавам момчето кое се грижи, кое помага без да побарам помош, кое го прави моето дете среќно. Тоа е дете кое никогаш немало можност да биде дете…

Кога со семејството ги споделил своите сознанија, сите заплакале. Семејството во еден момент било разочарано од својата ќерка која цело време ја знаела оваа приказна, но не сакала да ја сподели со родителите.

-Следниот ден му дадов клуч од нашата куќа. Му реков дека го очекувам секој ден. Преуредивме соба само за него и му овозможивме да се школува. Тоа беше 2000 година. Денес мојот пронајден син и мојата ќерка имаат многу успешна заедничка работа, и ми подарија три прекрасни внуци, раскажува овој татко.

Животот е непредвидлив, но пред се прекрасен…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top