Годинава празничната програма во Охрид посветена на празникот Богојавление- Водици ќе биде распоредена во четири дена.
Во збогатувањето на туристичката понуда покрај традиционалната церемонија на фрлање на светиот крст во водите на охридското езеро и денот на рибарите, ќе бидат организирани и попратни забавни содржини. Општина Охрид ќе го помогне организаторот на манифестацијата Здружението Богојавление – Водици.
-Македонската поп ѕвезда Каролина Гочева ќе одржи солистички концерт во рамки на централната прослава посветена на празникот Богојавление- Водици во Охрид. Каролина ќе изведе композиции од својот последен албум „Македонско девојче 2“, изјави раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолоски.
За празнувањата за Водици, 17 хотели креираа празнични аранжмани со попусти од 30 до 50 отсто. Спиење со доручек во зависност од категоријата на хотелот и дали сместувањето е во едно и двокреветна соба ќе чини од 10 до 25 евра. Повеќе ресторани и угостителски објекти за време на богојавленските празнувања своите услуги ќе ги водат со попусти од околу 30 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.