Исламистите од групата Боко Харам убија 32 лица, а 185 киднапираа во напад врз село во североисточна Нигерија, соопштија денеска локалните власти.
Претставници на власта изјавија дека нападот се случил во неделата во селото Гумсури. Исламистите на камион качиле 185 жители на селото Гумсури и ги одвеле во шумата Самбиза.
Друг претставник на милицијата изјави дека се киднапирани 191 жени и деца.
Според очевидеци, припадниците на Боко Харам најпрво ги убиле младите мажи, а потоа ги киднапирале жените и женските деца.
За инцидентот се дозна дури денеска бидејќи во пошироката област била прекината мрежата на мобилната телефонија.
Гамсури се наоѓа на патот за Чибок, каде то припадниците на Боко Харам во април киднапирале повеќе од 200 девојчиња од училиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



