| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ не се појави на годишното обраќање на претседателот Иванов

Пратениците на ДУИ не присуствуваа на годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов  во Собранието на Република Македонија.

Пратеникот Артан Груби изјави дека ставот на неговата партија кон претседателот Иванов останува конзистентен и непроменлив.

– Нашето неприсуство на денешното негово обраќање во салата на Собранието говори гласно околу ставот на втората мнозинска заедница во Македонија кон легитимитетот на господинот Иванов – истакна Груби.

Тој посочи дека обраќањето на Иванов било во присуство на монопартиска публика во Собранието, што, според Груби, го оправдува деjствувањето на ДУИ за време на претседателските избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top